Хроника

ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА САМОУБИСТВО: 18 годишна девојка го уби својот тетин во Нови Сад 

18-годишно девојче го уби својот тетин во Нови Сад во Србија. 

Тинејџерката го убила тетинот, па се обиделе да го сокријат злосторството.  Полицијата во Нови Сад ја привела Оља Ш. (18) која е обвинета дека синоќа, по расправија, со нож го избодела својот тетин Славиша Д.(30) во куќата каде што живееле. Таа по убиството побегнала од местото на настанот.  Неофицијално, случајот во полиција го пријавил братот на осомничената. Но, тој во полиција кажал дека се работи за самоубиство и дека роднината се самоубил со нож. Сепак, истрагата утврдила дека сепак се работи за убиство.

Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, на семеен собир, девојката со нож го прободела својот тетин во стомакот. Оља Ш. по убиството се сокрила во куќа недалеку од местото на убиството каде е уапсена, а полицијата го пронашла и ножот. Девојката доби притвор до 48 часа, по што ќе биде изведена пред обвинител. Мотивот за убиството не е познат.  Во Србија годинава имаше многу протести против насилство откако се случи масакр во училиште во Белград во мај. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons