Пријавени околу 16 000 матуранти
Околу 16 илјади матуранти ги прават последните подготовки за полагањето на државната матура што ќе се одржи на почетокот на јуни. Некои од матурантите се загрижени дека нема да можат да го научат потребниот материјал, а некои пак велат дека штрајкот на наставниците нема да влијае на успехот на испитите.
Дритан Адеми, заменик директор на Државниот испитен центар, за Алсат вели дека матурантите не треба да се грижат за испитите бидејќи имаат прашања до мартовската наставна програма, што било барање и на Унијата на средношколци.
„Материјалот што ќе биде во тестовите е до март, практично од почетокот на штрајкот организиран од СОНК тој период нема да биде составен дел од тестирањето. А нивното второ барање беше да се подготви прирачник или резиме на прашања и задачи кои учениците ќе можат да ги искористат за најуспешна подготовка на државната матура. Ние како центар го исполнивме ова нивно барање. Минатата недела електронски го испративме до сите средни училишта“, изјави Дритан Адеми, заменик директор на Државниот испитен центар
Според Адеми, државната матура е посветена на учениците од четиригодишната гимназија и е услов за упис во високото образование. Годинава се пријавиле 15.899 матуранти кои ќе поминат државна матура, од кои 7.135 гимназијалци, 8.504 стручни ученици и 206 ученици кои учат во уметничките училишта. Првиот термин од државната матура ќе се одржи на 4 јуни по предметот мајчин јазик и на 13 јуни по изборен предмет. Вториот рок ќе се реализира на 10 и 12 август. /Алсат.мк