Свет

Примирјето во Појасот Газа продолжено за уште два дена 

Министерство за надворешни работи на Kатар денеска соопшти дека четиридневното примирје во Појасот Газа е продолжено за уште два дена, јави ДПА.

„Постигнат е договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, се наведува во објавата на социјалната мрежа Х.

Соопштението доаѓа само неколку часа пред завршувањето на примирјето во војната во Газа, што е на сила од петокот наутро, додава ДПА.

Договорот што го постигнаа страните минатата недела предвидува можност за продолжување на прекинот на огнот во замена за ослободување на 10 заложници дневно.

Палестинската милитантна група Хамас потврди дека се согласила на договорот постигнат со посредство на Египет и Катар.

„Постигнат е договор со браќата во Катар и Египет за продолжување на привременото хуманитарно примирје за уште два дена, под истите услови“, изјави претставник на Хамас во телефонски разговор за британските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons