МакедонијаНајново

Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10  часот  го лишиле од слобода А.Р.(19) од село Синичане поради пребрзо возење.

Како што соопшти МВР, на автопатот Скопје – Тетово тој управувал патничко возило „голф“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 171 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 100 километри на час.

-Во 18 часот, пак, на патот Гостивар – Тетово, лишен од слобода е Б.А.(27) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“, со странски регистарски таблици, со брзина од 173 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час, информира МВР. 

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons