Предлог: Меѓувладина седница на 23 јуни, внесување на Бугарите во Уставот, па отворање поглавја 

Најавите се остварија – попладнево во бугарското Собрание пристигна  францускиот предлог за тргање на ветото за Македонија.. Предвидува почетокот на преговорите да се означи во четврток на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Предлог: Меѓувладина седница на 23 јуни, внесување на Бугарите во Уставот, па отворање поглавја

Најавите се остварија – попладнево во бугарското Собрание пристигна  францускиот предлог за тргање на ветото за Македонија.. Предвидува почетокот на преговорите да се означи во четврток на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Прегледи:2849Објавил:Гоце Герасимовски
17 јуни 2022, 17:38СподелиСподелиhttps://www.facebook.com/v2.10/plugins/like.php?action=like&app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df2bfb1cebd2d3d8%26domain%3Dkanal5.com.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fkanal5.com.mk%252Ff3835ec1ca79cd4%26relation%3Dparent.parent&container_width=92&href=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fpredlog-megjuvladina-sednica-na-23-juni-vnesuvanje-na-bugarite-vo-ustavot-pa-otvoranje-poglavja%2Fa534816&layout=button&locale=en_US&sdk=joey&share=false&show_faces=false&size=large

Францускиот предлог за кревање на ветото попладнево пристигна на адреса на бугарското Собрание и како што пренесуваат медиумите во Софија веќе е пред Комисијата за надворешна политика. Што точно има во документот официјално не е познато, но агенцијата „БГНЕС“ го објави целосниот нацрт – заклучок во седум точки, чија крајна цел е Европскиот Совет на лидерскиот самит следната недела во четврток да ја одобри преговарачката рамка за Македонија и истиот ден да ја одржи првата Меѓувладина конференција. Првата задача за Македонија, потоа би била отворање на Уставот и вметнување на Бугарите во него, како услов за отворање на првото поглавје од преговорите.

-Советот, исто така, одлучува да свика нова Меѓувладина конференција за отворање на преговорите за пристапување на С.Македонија во ЕУ и е подготвен да ја одржи без натамошно одлагање и без дополнителни политички одлуки, штом Македонија ја исполни својата обврска за да ги склучи горенаведените уставни измени согласно своите внатрешни процедури. , се вели во документот, што го објави БГНЕС

Во документот, во точката три се наведува дека суштинско за понатамошниот процес на преговори ќе биде билатералниот протокол меѓу Скопје и Софија, веројатно мислејќи на 4-те точки кои останаа отворени меѓу двете страни, како остранување на говорот на омраза и работата на комисијата за историја.

-Во овој контекст, Советот го поздравува договорот за [билатерален протокол] (конечното име да се потврди) за спроведување на Договорот меѓу Бугарија и Македонија. Овој важен чекор ќе придонесе за добрососедски односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација., се вели во документот.

Предлогот предвидува и решение за македонскиот јазик, на начин, Скопје и Софија да дадат свои еднострани декларации, што би значело дека јазикот нема да биде негиран. Дали ќе има зелено светло од Бугарија за ваквиот предлог останува неизвесно, со оглед на превирањата во собранието, каде опозицијата во моментов има мнозинство. Претседателот Радев денеска упати предупредувачка порака до Петков и го повика да ги отфрли сите сомнежи за евентуално кревање на ветото за Македонија.

-Знаете дека идната недела премиерот заминува во Брисел и треба да ги брани националните интереси. Затоа и Народното собрание, и Бугарите треба однапред да знаат јасно и точно каква позиција ќе брани премиерот. Тој не смее да отстапи од Рамката на Консултативнот совет за национална сигурност. Секоја измама или обид за заобиколување на националната позиција ќе има тешки последици. , изјави Румен Радев, претседател на Бугарија

Ден пред лидерскиот самит, во среда владата на Петков ќе се соочи со гласање недоверба. Ако се суди според моменталниот однос на силите, опозицијата има доволно пратеници да ја урне неговата влада, ако во меѓувреме не се случи пресврт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons