Прегазена дваесет и двегодишна девојка на „Партизанска“ – возачот имал 20 години
Девојка на возраст од 22 години од Скопје синоќа пред полноќ била прегазена на „Партизанска“ и починала на лице место. Несреќата се случила кога автомобил „пежо 207“ кој го управувал дваесетгодишник од Скопје удрил во девојката.
– Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На лице место увид извршила екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
-Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот, соопшти Јавното обвинителство.