Спорт

Превц победник и на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц ја продолжи својата импресивна серија на турнејата „Четири скокалници“, забележувајќи нов триумф, овојпат на натпреварот во Гармиш-Партенкирхен.

По победата во Оберсдорф, Превц уште еднаш потврди дека се наоѓа во извонредна форма, оставајќи ги зад себе Јан Херл и Штефан Ембахер. Иако конечниот победник на престижната турнеја ќе биде познат по натпреварите во Инсбрук и Бишофсхофен, јасно е дека словенечкиот ас е на вистинскиот пат кон најголемиот успех во својата кариера.

За разлика од него, неговиот сонародник Тим Зајц повторно немаше среќа. Како и во Оберсдорф, тој беше дисквалификуван и одново поради тоа што неговата облека била пократок за четири милиметри од дозволеното.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons