Свет

Првични резултати од изборите во Бугарија: Убедлива победа на Борисов!

Коалицијата ГЕРБ-СДС извојува убедлива победа на четвртите парламентарни избори во Бугарија во последните година и половина, јавува бугарски „БГНЕС“.

Првичните резултати од гласањето во 20 часот покажуваат разлика од 7-8 проценти во корист на ГЕРБ во однос на „Продолжуваме со промените“. За партијата на Бојко Борисов гласале 25,8 отсто, додека партијата на Кирил Петков и Асен Василев добила поддршка од 18,5 отсто од гласачите.

На трето место е ДПС со 13,5%. Следат БСП и „Преродба“ со минимална разлика во корист на социјалистите. Според резултатите, за нив гласале 11,3% и 10,2%.

Последен сигурен член во следното бугарско Народно собрание е „Демократска Бугарија“ со околу 7% поддршка од бугарските граѓани.

Засега под потребниот цензус за влез во Парламентот се партијата на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ и партијата на поранешниот технички премиер, Стефан Јанев „Бугарски подем“. Тие имаат поддршка од околу 3,6%.

ВМРО-БНД на европратеникот Ангел Џамбаски добила малку над 1% од гласовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons