ПО ДОЛГИ 14 ДЕНА ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА, ВЕЛИ ВРЕМЕ Е БОЛНИЧКИТЕ КРЕВЕТИ ДА СТАНАТ МИНАТО – Пехчевски е оптимист дека набргу ќе го добие лекот трикафта
Младиот човек Игор Пехчевски кој долги години се бори со цистична фиброза и кој го исчекува со нетрпение лекот трикафта, денеска излезе од болница, поминати по 14 дена лекување на Клиниката за пулмологија. Тој им се заблагодари на сите вработени на клиникта и вели дека е време да го добие лекот, сонот да стане реалност а болничките кревети негово минато.
„Денеска конечно после долги, долги 14 дена хоспитализација излегувам од болница, си одам дома. Се до исчекување да пристигне тоа предновогодишно пакетче, односно ветениот лек ТРИКАФТА за во декември.
Сакам јавно да се заблагодарам на целиот медицински персонал на клиниката за Пулмологија кои што сите 14 дена ми ја дадоа целата грижа и безрезервна поддршка за да ги надминам сите потешкотии што ми ги носи дијагнозата Цистична фиброза.
Време е СОНОТ да стане РЕАЛНОСТ. Болничките кревети да станат мое МИНАТО. Биди БОРЕЦ“, напиша Игор Пехчевски на неговиот фејсбук профил.