По два месеци прекин попладнево обновен товарниот  железнички сообраќај Скопје-Гевгелија 

Заврши санацијата на Железничкиот мост на река Црна во близина на археолошкиот локалитет Стоби и од попладнево повторно е во функција товарниот железнички сообраќај Скопје-Гевгелија, што беше во прекин од средината на ноември поради оштетувања на мостот. Воедно патничкиот, кој се одвиваше и за време на санацијата, а беше комбиниран со воз и автобус од попладнево ќе биде само со воз, потврди Зоран Трифуновски, генерален директор на Железници Инфраструктура.

За санацијата  што се одвиваше во изминатите 35 дена, како што информира Трифуновски, потрошени се 30 милиони денари, информираа од Железница Инфраструктура.

Оттаму велат дека се работело на санација на средниот столб и на главните носачи на мостот, а во тек се финалните тестирања пред официјалното пуштање на сообраќајот.

Ставањето во функција на мостот, според компанијата значи пуштање на товарниот сообраќај на релација Скопје-Гевгелија кон Солунското пристаниште и обратно кон земјите од средна Европа, а се нормализира и патниот сообраќај кој од 14 ноември кога се случи оштетувањето на столбот се одвиваше со воз и автобус и преместување на патниците.

„Прекинот на товарниот сообраќај предизвика финансиски штети кои според првичните проценки  изнесува милион евра, но според Трифуновски, точниот износ ќе се знае по завршување на сите анализи. Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 ноември минатата година поради оштетување на столбот“, информираа од Железница инфраструкутра.

На истиот Железен мост на Црна Река кај Стоби  пред четири години  беше оштетен првиот столб, и во  периодот  од 29 септември 2018 до 8 ноември железничкиот сообраќај беше исто така во прекин.МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт тогаш информираа дека имале загуба од 1,2 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons