МакедонијаНајново

 Почист воздух се дише денеска во Скопје, поволна прогноза за наредните денови

Скопје утрово се наоѓа на 27–то место на листата на специјализираната интернет страница Ајкјуер која го следи квалитетот на воздухот во големите и главни градови од светот.  Отскокнува единствено концентрацијата на најопасните, најситните канцерогени ПМ 2,5 честички, особено во дел од Ѓорче Петров која е на максимално опасните граници.

На 30 ноември вечерта и на 1 декември воздухот во Скопје беше опасно загаден и градот се најде меѓу десетте градови во светот со најлош квалитет на воздухот, пред и зад Скопје беа големи индустриски центри од Азија.

d

На расчстувањето на загаденоста од вчера влијае продорот на југоисточен ветер кој го проветри градот од застоениот воздух, а прогнозата за повремен дожд во наредните часови и денови треба да влијае загаденоста да се намалува.

d

Селак, податоците на интернет страницата Ваки (Waki), на која Град Скопје вчера сугерираше медиумите да се повикуваат, покажува висока и опасна концентрација на ПМ 2,5 честичките во дел Ѓорче Петров, а нешто пониска во други населби од западните делови на Скопје.

d

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons