Почина познатиот македонски професор и доктор, беше продекан и декан на Медицинскиот факултет во Скопје

 На 92 годишна возраст вчера почина професор доктор Кирил Велков, соопшти Македонското лекарско друштво.

Во својата кариера тој беше продекан и декан на Медицинскиот факултет во Скопје, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на катедрата за ренген и радиотерапија, директор на Универзитетскиот центар за медицински науки (УЦМН) и директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Беше претседател на Македонското лекарско друштво и претседател на друштвото на радиолози на Југославија, како и консултант по онкологија во Универзитетската болница во Лозана, Швајцарија.

И по заминување во пензија, тој продолжи активно да се занимава со својата дејност како еден од основоположниците на Хоспис Сју Рајдер-Скопје и раководител на одделот за онкологија при клиничката болница Аџибадем-Систина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons