Почина најголемиот од сите – Емотивно простување од Мето Јовановски 

Почина култниот македонски актер Мето Јовановски, доајен на глумиштето во земјава. 

Голем број колеги и јавни личности, со емотивни зборови и сеќавања, се простуваат од Мето!

– И Мето Јовановски одлета од овој свет. Македонија изгуби еден голем актер, човек кој можеше да го препознаеш и без да го видиш, само по специфичниот глас. Тешко е да се одреди една улога ама Тетовирање е филмот што го обележа според мене, култен филм за човекот и системот, за како од грутка се создава лавина која го уништува човека. Брилијантен филм и актер има многу добри актери, но никој не би го носел филмот како него. И се разбира детството, ко ќе речеше “Волчко”… Нека му е светол патот…напиша инфлуенсерот Бoжидар Божиновски. 

– Почина Мето Јовановски. Си одат големите. Тивко, на прсти, нечујно и неважно. Почина најголемиот од сите. Беше бура, одеше одважно, гласен на сцена и во кадар, беше најважното нешто од светот на актерството и уметноста што сум можел да го запознам и да работам. Мајсторе, беше чест да се биде од твоето време. Бог да прости. Вечнаја памја, напиша режисерот Јани Бојаџи. 

– Најголемиот, најважниот и најфраерот на театарската сцена. Никој нема да му се приближи до тронот уште многу време. Почивај во мир и фала ти за сите улоги со кои не почести и го сподели твојот талент со нас публиката, напиша Ина Многуфина. 

Мето Јовановски беше еден од најпознатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Глумеше во голем број филмови, меѓу кои „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Нечиста крв“, „Пред дождот“, „Прашина“, „Големата вода“, „Тајната книга“, „Деца на сонцето“. Добитник е на голем број награди и признанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons