Актуелно

Потврдени 13 случаи на западнонилска треска – тројца пациенти во критична состојба

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со вчерашниот ден, во државата биле потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби биле хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба.

Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје да спроведе дополнителна терестичка, односно земјена адултицидна дезинсекција против комарци. Вонредниот третман беше спроведен во текот на ноќта како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од ширење на инфекцијата.

„Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и здравствените установи остануваат во постојана координација и навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови сознанија и преземени активности“, соопшти МЗ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons