Последните македонски државјани евакуирани од Газа – мајка со две деца 

Министерството за надворешни работи информира дека во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано дипломатските конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.

„По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома”- стои во соопштението.

Министерството упатува благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје.

Потсетуваат на контактите за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС телефони на МНР-  075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons