ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Трагичен крај на драмата во Грција, лицата биле врзани со појас во кабината и не се спасиле

Мал авион се урна денеска во морето кај Крит. 

Веднаш по падот, припадник на крајбрежната стража кој се наоѓал во чамецот ги лоцирал двајцата патници кои нуркачите ги извлекле.

Тие со брод на крајбрежната стража биле пренесени до брегот, од каде ќе бидат пренесени во болница, пренесува грчкиот медиум.

Сепак, според последните информации двете лица се мртви, биле врзани со појас во кабината и не се спасиле.

Како што пренесува „Прототема“, авионот од Копаида тргнал кон Ханија, за да учествува на демонстрациите организирани од Аероклубот Ханија за време на викендот.

Истрагата ја презеде Единствениот координативен центар за пребарување и спасување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons