Магазин

Поранешнa провалничка открива: „Една работа секогаш ме одврaќаше кога избирав куќи за ограбување“

Поранешна провалничка откри кои типови на домови биле нејзини најлесни цели – и што можете да направите за да го заштитите вашиот дом од кражби.

Имено, 26-годишната девојка, која одлучи да остане анонимна, тврди дека отслужила две од тригодишната затворска казна за нејзините злосторства. Почнала да упаѓа во куќи на 18 години додека живеела на улица и се борела со зависноста, пишува „Мирор“.

„Кршев и влегував за да украдам работи што можев да ги продадам за дрога за да ги поддржам моите лоши навики“, признала таа.

Сепак, додала дека сега е рехабилитирана, мажена и мајка на прекрасно девојче.

„Имам работа и водиме среќен живот. Сè уште се борам со некои работи, но сега сум во многу подобра психичка состојба“, рекла таа.

На прашањето како одлучила во кои куќи да провали, таа откри неколку клучни фактори:

– Куќи без камери – „Безбедносните камери беа црвено знаме – да ги видев, ќе продолжев понатаму“, рекла таа.
– Куќи без автомобили пред влезот во текот на денот – „Ако забележав дека во работното време нема автомобили пред
куќата, тоа беше добар знак дека куќата е празна“, открила таа.
– Задни влезови и прозорци – „Специфично таргетирав куќи со задни влезови и прозорци во кои лесно можеше да се
качи“, рекла девојката.
– Влегувала со вадење на рамката од вратата, но подоцна преминала на попрактичен начин – кршење прозорци.

Таа советувала и за неколку заштитни мерки:

– Безбедносни камери – „Тие се одличен начин да се одвратат крадците, но треба да се инсталираат и да се користат
правилно. Камерите на вратите, помагаат да се идентификуваат натрапниците“, објаснила таа.
– Системи за аларм – „Тие се ефективни ако луѓето ги користат правилно. Многумина ги имаат, но не ги активираат“, рекла таа.
– Вклучен ТВ – „Оставањето вклучен телевизор може да создаде впечаток дека некој е дома, што може да ги одврати крадците од нивните планови“, додала девојката.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons