Поради одрон затворен патот од Куманово до Кратово и Крива Паланка (Фото)

Сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај селото Руѓинце во општина Старо Нагоричане е затворен поради големи одрони.

Од фотографиите што ни ги достави читател може да се забележи дека карпите целосно го блокирале сообраќајот.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека патот од 10:20 часот е затворен.

– Екипите на Македонија пат се уатени на лице место и работат на расчистување на одронот, велат оттаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons