Поради ниските плати администрацијата си дава откази

Неатрактивните плати ги принудуваат вработените во администрацијата се почесто да си даваат откази од работните места. Неофицијално за три години повеќе од три илјади лица си заминале во приватен сектор или во странство вели претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски. Финансиите се најголема причина поради заминување на административците а во последната година заминуваат и луѓе со долгогодишно искуство.

„Имаше една неофицијална статистика дека во рок од три години над 3,500 луѓе вработени во администрацијата заминаа или во странство или во приватниот сектор токму поради неатрактивноста на платите. Платите во администрацијата не се зголемени од 2017 година поготово во министерствата, генералните секретаријати, луѓето добиваат плата се поблиску до минималната плата отколку до просечната што е лош податок“, рече Деаноски.

Засега синдикалците и владните претставници немаат постигнатото договор на социјално-економскиот совет за можно зголемување на платите во администрацијата. За министерот за финансии Фатмир Бесими сосема е легитимно барањето на вработените во администрацијата за зголемување на платите.

„ Разговорот со синдикатите од јавниот сектор е постојан разговор во рамките на социо-економскиот совет и нивните барања се сосема легитимни. Сите разговори се водат таму во однос на утврдување на методологија која ќе биде еднакава за сите во јавниот сектор и тоа да после да биде решение не само за вработените туки и за функционерите мислам дека сме на добар пат“, рече Бесими.

Но и покрај ваквиот став, засега нема најави дека наскоро може да се очекува договор за повисока плата. И во приватниот секор состојбата со заминување на квалификуван кадар не е подобра. Зголемениот интерес на дел од европските земји за работници во угостителската и преработувачката индустрија ги остави домашните бизниси без работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons