АктуелноМагазин

ПОПОВА ШАПКА КАКО БАЈКА Снегот го разубави и онака убавиот национален парк 

Според информациите од УХМР, утрово на Попова Шапка беше најстудено во земјава.

Попова Шапка осамна во снежно руво утрово. Многу туристи викендов одлучија да ја посетат оваа дестинација и да уживаат во белата глетка на планината, во комбинација со топол чај и вкусен оброк.

На фотографиите што ги сподели „Тетово Инфо“ може да се види вистинската снежна идила на овој планински врв.

Според информациите од УХМР, утрово на Попова Шапка беше најстудено во земјава. Измерени беа минус 7 Целзиусови степени. Доколку ниските температури продолжат, тоа ќе овозможи снежната покривка во овој наш скијачки центар да се задржи подолго.

https://www.facebook.com/100063763234414/posts/836590421809725/?mibextid=3JLxgoXK8XkhKqoE

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons