ПОПЛАВИ ВО ГЕРМАНИЈА: Најдени се уште две тела на настрадани

На југот на Германија се пронајдени телата на две жртви кои настрадаа во поплавите. 

Тие се пронајдени во поплавен подрум во сојузната покраина Баден Виртемберг, во југозападна Германија. Пожарникарите ги откриле телата откако испумпaле вода од подрум во градот Шорндорф, во областа Ремс-Мур.

Жителите на погодените области беа евакуирани утрово како мерка на претпазливост.

Претходно, работниците од итната помош пронајдоа тело на исчезната 43-годишна жена во подрумот на една куќа во сојузната покраина Баварија.

Поплавите низ Баден Виртемберг и соседна Баварија за време на викендот доведоа до прекин на сообраќајот и принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons