МакедонијаНајново

Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско 

Поплавени куќи, свлечишта, заробени автомобили под вода во невремето кое го погоди полошкиот регион. Најкритично беше во о. Јегуновце каде огромна количина на вода се слеала од Жеден. Дворовите и денеска беа бели од наноси на град. Неколку минути биле критични за семејството Ваневски од Сиричино кои беа извлекувани со јаже за да не се удават. 

Водата стигнала до вториот кат на куќата. Тие ноќта ја поминале кај свои роднини, а од утрово испумпуваат вода од куќата. Вакво невреме не паметат жителите кои стравуваат од нов пороен дожд. 

Силниот дожд им го сруши кровот врз глава на сопружниците Трпчевски кои едвај се извлекле надвор. Живеат сами со една скромна пензија, а се што засадиле во дворот сега е уништено.  

Во општината е формирана комисија, локалната власт е на терен заедно со жителите кои се справуваат со штетите од невремето. Денови ќе им бидат потребни за да се нормализира состојбата во куќите но огромни штети претрпеа и земјоделските површини. 

Повеќе од 100 куќи беа поплавени, подруми, гаражи, тетовци бараат од локалната власт да најде решение бидејќи ова не е прва ваква непогода со која се соочуваат. Граѓаните мораа да поставуваат бариери пред дворовите за да спречат нова катастрофа. Стравуваат и од зараза по излеаната атмосферска канализација. 

Влезот на Тетово беше под вода, се интервенираше на заглавени автомобили, поплавена беше и болницата, голем дел од Полог остана без струја па денеска се работи на проверка за да биде повторно пуштена во функција. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons