Поплава во ГОБ „8 Септември“, доктори и медицински сестри спасувале пациенти 

По вчерашните врнежи од дожд во Скопје се поплавил интензивнот оддел на неврологија во Градската општа болница „8 Септември“, напиша на својот фејсбук-профил д-р Петар Атанасовски, вработен во болницата. За среќа, пишува Атанасовски, заради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавиле на ризикот по сопствениот живот (можност oд струен удар, повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти биле извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот.

„Мислев да одморам малку ама не се може. И тоа се случи, се поплави интензивнот оддел на неврологија  при ГОБ „8 Септември“ и за среќа заради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавија на ризикот по сопствениот живот (можност oд струен удар, повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти беа извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот.

Уште еднаш апелирам до  групата што се сликаше за празникот пред нашата болница да преземат мерки и конечно да се затвори одделот да се реновира, исчисти и дезинфицира (врие од интрахоспитални  инфекции). Големо браво уште еднаш за моите нови хеори дежурната екипа од вчера на Одделот на неврологија при ГОБ 8 Септември’“, напиша Атанасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons