Поминаа 11 години од несреќата на Шумахер: Што е познато до денес?
Пред 11 години на денешен ден, легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер доживеа несреќа, а за неговата состојба денеска не се знае речиси ништо.
Германецот Шумахер се здобил со сериозни повреди на главата при пад на скијање во Мерибел, Франција, поради што половина година поминал во кома во болницата во Гренобл. Во јуни 2014 година го продолжил лекувањето во Лозана, а три месеци подоцна бил префрлен на домашно лекување.
Шумахер е еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1. Во текот на кариерата ги бранеше боите на „Џордан“, „Бенетон“, „Ферари“ и „Мерцедес“, а најголемиот успех го постигна како возач на Скудерија.
Првите две титули ги освои возејќи за „Бенетон“ во 1994 и 1995 година, но апсолутна доминација оствари во „Ферари“, со кој беше неприкосновен од 2000 до 2004 година. Тој официјално се пензионираше во 2006 година, но се врати како возач на „Мерцедес“ на почетокот на 2010 година, а втор пат се пензионираше на крајот на 2012. Од германскиот тим се прости со еден подиум.
Хронологија
29 декември 2013 година – Шумахер доживеа несреќа и веднаш беше префрлен во болницата во Гренобл. Направени се две хируршки интервенции, многу брзо паднал во кома.
Април 2014 – Во јавноста се појавија оптимистички информации, Шумахер ги покажа првите знаци на свест
Јуни 2014 – Тој беше префрлен од Гренобл во Лозана на болничко лекување
Септември 2014 – Рехабилитацијата продолжи во неговиот семеен дом
Ноември 2014 – Во медиумите се појави информација дека е парализиран
Мај 2015 – Неговата менаџерка Сабина Кем изјави дека Шумахер постепено се опоравува
Септември 2015 година – Адвокатот на Шумахер Феликс Дам ги отфрли наводите дека Шумахер бил парализиран
Декември 2015 година – Се појави информација дека тој се лекува во позната париска болница кај познатиот кардиоваскуларен хирург Филип Менаш.
2016 – 2024 година – Периодот кога немавме многу информации за Шумахер.