Македонија му гостува на Гибралтар, немаме право на ништо друго освен победа 

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18:00 часот му гостува на Гибралтар во вториот натпревар од Лигата на нации. 

По ремито во Бугарија веќе немаме право на кикс, Македонија мора да ги победи двата натпревари против аутсајдерот Гибралтар за да се надева на првото место во групата кое носи бараж за пласман на Европското првенство. Селекторот Благоја Милевски не сака да го потцени Гибралтар иако тоа треба да е најслабата селекција во групата. Нема да има експерименти во составот, ќе играме со најспремните. „Не смее никого да потцениме, а и никогаш тоа не сме го направиле. Иако имаме одредени проблеми, на терен ќе излезат најспремните и нема место за експерименти и калкулации. Пристапот ќе ни биде сериозен, зашто во денешниот фудбал нема место за потценувања, ниту пак еден отсто шанса за опуштање. Гибралтар со самото тоа што е во Ц-дивизијата покажа дека напредува. Секој меч е посебен, мора посебно да се подготвите, а ние максимално сериозно ќе влеземе во мечот со мисла да победиме и момците ќе ја имаат таа мисија во сите 90 минути. Сакаме победа и ќе треба да ја оствариме“, вели Милевски. Македонија досега има два меча против Гибралтар, на гостински терен победивме со 2-0, а во Скопје бевме убедливи со 4-0. Елиф Елмас се сложува со селекторот дека денеска не смее да има експерименти, мора да го дадеме максимумот за да ја оствариме првата победа во новата сезона од Лигата на нации. „Ние и на првото гостување тука тешко дојдовме до победата, така да и сега нема да ни биде лесно. Гибралтар игра добро, но дојдовме да победиме и за тоа ќе мора да одиграме максимално, не смее да експериментираме. Треба да одиграме како што треба и да ги освоиме трите бода. Против Бугарија ни недостигаше реализација, промашивме низа шанси и сега таа реализација треба да ни биде на ниво. И не само утре, туку и на следните два меча“,вели Елмас. Во нашата група денеска се игра и мечот меѓу Бугарија и Грузија кој почнува од 20:45 часот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons