Полицијата се огласи за пукањето во Ист Гејт Мол: Ранети се две лица
Две лица се повредени во пукањето во трговскиот центар Ист Гејт, велат првичните информации од МВР.
Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството.
Според првичните информации, едно од лицата е со потешки повреди и е пренесено во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“