ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Приведени осум лица 

Пронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени осум лица, соопшти полицијата.Во текот на изминатата вечер полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела на подрачјето на град Скопје извршиле контрола во угостителски објекти и бил извршен преглед над дваесетина лица. 

„Лишени од слобода биле: А.С.(19), Ф.А.(25), Н.С.(31), А.А.(24) сите од Скопје, А.М.(26) од Битола, Д.Г.(27) од Куманово и М.М.(22) од Гостивар како и еден малолетник од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени кокаин, амфетамин, марихуана и бела грутчеста материја, стои во соопштението.По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци. Засилените контроли продолуваат и во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons