ПОЖАР ПОД СОЛУНСКА ГЛАВА – Гори борова шума, теренот е непристапен 

Нас селото Белица во општината Македонски брод има активен пожар. Како што објави Центарот за управување со кризи, гори ретка борова шума, сува трева и грмушки во близина на споменатото село сместено под Солунска Глава. 

– Вчера имаше 11 пожари на отворен простор, активен е се уште еден од нив. Согласно информациите од Сектор за операции и координација, пожари на отворен простор вчера имало вкупно 11. Од нив, актиен се уште е во Општина Македонск Брод, над село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки. Пожарот е на многу висок и на непристапен терен. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод – соопштуваат до ЦУК. 

Од останатите десетина пожари кои биле активни во нашата земја во текот на вчерашниот ден, протипожарните екипи се бореле во Општина Чашка, кај село Крива Круша (каде што горела сува трева и папрат). Пожари имало и во Општина Арачиново, кај селото Арачиново (ниска вегетација и ѓубриште), потоа во скопската општина Гази Баба, покрај Бул.„16 Македонска Бригада“ (ниска вегетација), како и општина Центар, покрај ул.„Самуилова“ (запалено дрво).

Пожари имало и во Општина Прилеп, кај с.Врбјани (ниска вегетација), потоа општина Чешиново – Облешево, два пожара, кај с.Облешево (стрниште) и кај с.Уларци (стрниште). И во Куманово вчера горело, во близина на село Речица (ниска вегетација), додека во општина Старо Нагоричане имало два пожара, кај село Пелинце (отпадоци) и кај село Младо Нагоричане (каде што горела ниска вегетација и остатоци од насади од пченка). 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons