Пожарот од Чешиново-Облешево се прошири и во Пробиштип, се гаси и од воздух

Пожарот кој од вчера доцна попладне беснее на територија на Општина Чешиново-Облешево, a се прошири и на територија на Општина Пробиштип интензивно се гаси и со воздухоплови, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.   Во гасењето на пожарот учествуваат и десет припадници на ТППЕ Пробиштип и неколку доброволци кои со три возила применувајќи контра пожар ги спасиле атарите на село Трипатанци и Бунеш.

Огнените јазици се гаснат со два полициски хеликоптери и еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, а вода се полни од браната Кнежево.

И покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера  доцна попладне, започна на територијата на Општина Чешиново – Облешево продолжил да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет.

„Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума“, вели Ангелов.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникарите од ТППЕ-Кочани и Пробиштип.

м

Десет припадници на ТППЕ Пробиштип и неколку доброволци со три возила применувајќи контра пожар го спасија атарот на село Трипатанци и Бунеш, информираше Ангелов.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека со контрапожарот не се загрозени куќите во селото Трипатнци. Посочува дека станува збор за голем пожар, а гори сува трева и високостеблеста шума. Посочува дека пожарот на територија на Пробиштип е пристигнат од соседната Општина Чешиново-Облешево во раните утрински часови.

Директорот на ЦУК, Ангелов информира дека во повисоките делови каде има густа вегетација и шума и нема услови за гаснење од земја се гаси од воздух со два полициски хеликоптера и еден ер трактор на ДЗС, а вода полнат од браната Кнежево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons