Погледнете каков невиден хаос се случува на Стража: Заглавени камиони и автомобили во снег, патот е непрооден (ВИДЕО) 

Снегот на крајот на ноември по сѐ изгледа повторно ги изненади надлежните, па обилните врнежи направија вистински хаос на патиштата низ Македонија.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како десетици камиони и автомобили се заглавени на патот. Патниот правец не е исчистен и поради тоа не е ниту прооден за возилата.

Од АМСМ информираа дека има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци:

* Кичево-Стража

* Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово

* Дебар – Маврово.

Автомотосојузот предупредува задолжително да се користат ланци на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons