ПОВРЕДЕНИ 10 ПОЛИЦАЈЦИ: Пронајдени ножеви, телефони, дрога – полицијата утрово тресеше во „Идризово“ 

Полициските службеници утрово извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

– При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците, информираат од полицијата.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons