Пирова победа на Ферстапен, Норис се радува на првата титула во Формула 1
Макс Ферстапен триумфираше на трката во Абу Даби, но Ландо Норис стигна до место на пиедесталот што му беше доволно за прва титула во Формула 1.
Ландо Норис стави крај на доминацијата на Макс Ферстапен, кој четири сезони по ред ја освојуваше титулата во Формула 1.
Холанѓанецот денеска го заврши својот дел од работата и прв мина низ целта во Абу Даби, но победата беше пирова.
Ландо Норис стигна до место на пиедесталот што му беше доволно да го задржи лидерското место на табелата и да стигне до првата титула.



