„ПИЛЕ НЕ СМЕЕ ДА ПРЕЛЕТА“: Околу „Борис Трајковски“, полицијата бара од граѓаните да ги спуштаат ролетните, а доколку немаат да стават ќебиња!

Спортско рекреативната сала е заградена со заштитна ограда во радиус од неколку стотици метри, а полиција има на секој ќош.

Курир денеска беше во обиколка на Спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“ каде од утре до петок ќе се одржува 20. Министерски совет на ОБСЕ.

По тој повод уште од денес започна генералната проба на посебниот сообраќаен режим, па така утрово од 9 до 12 часот беа затворени неколку булевари и раскрсници низ главниот град.

Екипата на Курир пристигна пешки од салата, бидејќи претходно беа затворени дел од булеварите кои водеа кон неа.

Спортско рекреативната сала е заградена со заштитна ограда во радиус од неколку стотици метри, а полиција има на секој ќош.

Главниот пат кој води од болницата „8-ми септември“ кон салата е обезбедуван од полицијата и не е прооден за сообраќај.

На паркингот можеше да се забележи големо присуство на полициски автомобили, како и против пожарно возило.

Самитот започнува утре, а на територија на Скопје државната администрација ќе работи со скратено работно време, а во четврток е прогласен неработен ден.

Инаку граѓаните на Карпош кои живеат во близината на салата се мобилизирани од страна на полицијата, дел од нив велат дека добиле посебни совети за движењето во овие три дена, а дел пак тврдат дека добиле и сместување во хотел за да не бидат дома, објавува Сител.

Инаку според информации на Курир полицијата овие денови барала од граѓаните во околина на салата кои немаат ролетни на нивните прозорци (кои треба да бидат спуштени), треба да ги покријат прозорците со ќебиња или чаршафи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons