Петрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.
Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Ако Филипче заборавил граѓаните знаат дека СДС е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари.
СДС, ДУИ и Таравари уште еднаш покажаа дека за нив одговорноста важи само кога станува збор за политички противници.
Додека секојдневно бараат оставки и политичка одговорност од сите други, се уште молчат и не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани.
Локалното раководство кое раководи со општина Гостивар, а е предводено од СДС, ДУИ и Таравари, не успеа да го реши проблемот со загадената вода, па затоа владините институции мораа да ја земат работата во свои раце и да ја решат кризата во рекорден период.
Се обезбеди флаширана вода за граѓаните, се користи повторно водата за техничка употреба, а во наредните денови ќе се обезбеди водата да биде користена и за пиење.
Почитувани,
Токму тоа се двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари. Кога нивен функционер ќе потфрли, нема критика, нема осуда, нема барање за одговорност, туку молк и заштита.
Граѓаните гледаат дека за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат само кога им одговараат политички. Одговорноста не смее да зависи од тоа на која партија и припаѓа некој функционер.Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



