МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР, обврска да постапува и презема дејствија е исклучиво на ЈО

Пукна балонот на лаги и манипулации на СДС во врска со истрагата за несреќата во Кочани. Сите може да видат дека институциите постапуваат професионално и неселективно.

Лаги и манипулации се сите тврдења дека институциите постапуваат по притисок на опозицијата, невешти ПР обиди на СДС да ќари некој политички поен.

Потенцираме дека МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец.

Сите преземени акции од ЈО до сега, сега и од сега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедиле МВР.

МВР предаде обемна документација во ЈО, и никој не е поштеден. 

Задача на ЈО е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека според правната логика е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани.

Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата.

Нашиот правен систем е акузаторен, систем во кој МВР и другите органи се база за информации за ЈО, а ЈО е тоа кое мора да ја изгради теоријата на случајот.

Потенцираме дека МВР на ЈО му доставило преобемна документација и дека со оглед на тоа очекуваме дејствија по однос на истата да има и во иднина.

Постапување по доказите од МВР откако истите се предадени, и преземање на било какви дејствија е обврска единствено на ЈО.

Колку е сериозен обемот на документацијата покажува и фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од Министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина.

А сега да прашаме, колку лица беа опфатени во истрагата за Модуларната болница? 0. Колку беа во Беса транс и Ласкарци? 0. Е сега тоа е разликата од МВР сега и од МВР кога СДС беше на власт.

Одговорност има за секој, без разлика кој е и од каде е.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=WG9yi5N6wVU

Loading...

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Hide Buttons