ПЕНЗИОНЕРИ, УЧЕНИЦИ – еве кога ќе ви „легне“ на сметка првата рата парична помош од државата!
Во втората половина на декември пензионерите, учениците и студентите ќе ја добијат првата рата парична помош од државата, дел од последниот пакет антикризни мерки на Владата.
Од Министерството за труд социјала за „Макфакс“ велат дека исплатата на финансиската помош ќе биде регулирана со закон за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани кој заеднички ќе го донесат Министерството за труд и социјала и Министерството за образование.
„Пензионерите и корисниците на социјални права предвидени во мерките е предвидено да ги добијат правата на своите трансакциски сметки, сметките на кои ги примаат пензиите или го остваруваат правото, во втората половина од декември.
Финасиска поддршка ќе добијат ученици и студенти, најранливите категори граѓани, пензионери приматели на најниски пензии, корисници на надоместок заради попреченост, самохрани родители – корисници на гарантирана минимална помош и родители на деца со попреченост до 26 години кои користат посебен додаток“.