Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Цел ден ќе се чува гробот на Гоце Делчев

Централниот Комитет на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ по денешното заседавање донесе одлука на 4 февруари преку целото деноноќие да се чува гробот на Гоце Делчев.

Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“, денеска на прес конференција обзнани дека ќе се организира херојска стража и ќе има целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев.

„И ги повикуваме сите граѓани почитувачи на делото на Делчев да изразиме заедничка мирна и достоинствена почит кон великанот. Воедно ЦК на Патриотскиот Институт донесе повеќе заклучоци:Прво, го осудуваме шовинизмот и негаторските политики кои доаѓаат од Бугарија и се дополнително распламтувани од поединци од бугарската политика.

Второ, упатуваме отворен повик до владата за поенергично реагирање во однос на негаторската политика и преземање на адекватни мерки кои ќе обезбедат почитување на нашиот идентитет и посебност. Секоја негација кон постоењето на македонскиот народ и неговите обележја треба да бидат проследени со протесна нота и реакција на македонските институции. Државата постои за народот, а не народот за државата.

Трето, наместо констатации, анализи и седење со скрстени раце на државниот врв кој кажа дека провокациите се дело на агентурни мрежи, да се преземат чекори на власта кои ќе значат спречување на туѓи пропаганди и агенди.

Четврто, Гоце е Македонија и Гоце припаѓа на светот. Упатуваме повик до македонскиот народ, македонската Влада и сите добронамерници за достоинствено поклонување на гробот на Македонецот Гоце Делчев“, објави Пандов.

Пандов додаде дека до самиот ден ќе се организираат и трибини со предавање за ликот и делото на Гоце Делчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons