Парното е пуштено само 20 степени и тоа наутро кога деца се спремаат за на училиште – Бројни поплаки за греењето во Скопје
Сѐ повеќе скопјани алармираат на проблеми со парното на стартот на грејната сезона.
Откако новинарката Искра Коровешовска „го кренаа“ гласот велејќи дека нема парно во станот во кој живее во Аеродром, иако уредно плаќа цела година, голем број скопјани од различни делови на градот ги споделија своите проблеми со ладните радијатори.
– Греење има, проверете си на ниво на зграда да не ви е исклучено нешто, советува една скопјанка од Аеродром.
– Во Карпош зграда 149, влез 2 „Митрополит Теодосиј Гологанов” немаме парно. Пријавуваме секој ден, ништо, а сметките секој месец во лето и зима редовно ги плаќаме. Ќе ни ги намалат ли за овие четири дена сметките, или чекаат да потрошиме и струја за загревање со клима уредите, сподели една карпошанка.
– Можеби чекаат да се грееме на клими, за нивните фирми за трговија со струја да остварат профит, реагира друг граѓанин.
– Срамота е. Станар пријави дефект пред 10 дена. Проблемот е саниран, а ние се уште немаме парно.
– Парното е пуштено само 20 степени и тоа наутро во 6 часот е кочан студено, кога треба да спремаме деца за во училиште, се пожали една скопјанка.
За дополнителни информации, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100, потсетуваат надлежните.