Свет

Папата ги навреди Русите, а Захарова вели дека неговото тврдење е перверзија

Папата Франциск ги навреди Русите, по што реагираше Москва. 

Папата изјави дека најсурови меѓу руската армија во Украина се Чеченците, Бурјатите и другите „што не се дел од руската традиција“. Во интервју за језуитското списание „Америка“, Папата го нарече украинскиот народ маченички.

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова рече дека оваа изјава оди подалеку од обична русофобија.

„Ова веќе не е русофобија, ова е перверзија, не знам веќе на кое ниво. Сетете се дека во деведесеттите, на почетокот на 2000-тите, ни го кажаа сосема спротивното – дека Русите и Словените ги мачеле народите на Кавказ, а сега ни кажуваат дека кавкаските народи ги мачат Русите. Ова е искривување на вистината“, рече Захарова.

Захарова рече дека Чеченците, Бурјатите и сите други претставници на мултинационалната и мултиконфесионална Русија сочинуваат едно семејство.

„Би сакал да ги потсетам моите браќа католици дека Библијата вели дека сите луѓе имаат еден Татко. Тоа е почеток и крајот на сите разговори што имаат каква било ксенофобна, расистичка, нкационалистичка или друга мизантропска заднина“, изјави Захарова.

Се огласи и лидерот на Бурјатија, Алексеј Циденов, кој изјави дека „војниците од Бурјатија чесно ја извршуваат својата должност и дека тие се пример за најдобрите традиции на руската армија“.

Сепак, медиумите објавија дека имало многу силувани жени и деца во Украина. Најмладото силувано девојче имало 5 години, а најстарата силувана жена била на возраст од 76 години. Олена Зеленска, првата дама на Украина, неодамна ги обвини руските сили за „користење на силувањето како оружје“ во војната против Украина. Таа, исто така, тврди дека „сопругите на руските војници ги охрабруваат своите сопрузи да силуваат Украинки“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons