Ибрахимовиќ го понижи Роналдо: Ете затоа те избрка Тен Хаг, мислиш сè се врти околу тебе!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ не остана мирен по реакцијата на Кристијано Роналдо кој тврдеше дека ја допрел топката при голот од Бруно Фернандеш.

Роналдо тврдеше дека првиот гол против Уругвај е негов бидејќи ја допрел топката, но потоа Адидас објави дека тоа не е вистина затоа што чипот не реагирал кога бил во близина на неговата глава.

„Сигурно сите знаете кога сте ја допреле топката и кога не сте ја допреле. Срамота е ова. Има камери кои ја откриваат вистината. Јас да бев во таква ситуација, ќе тргнев кон Бруно и ќе му честитав, а не да реагирам како Роналдо. Очигледно мисли дека сè се врти околу него, па затоа и Тен Хаг го избрка од тимот“, вели Ибрахимовиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons