Падна ЏОКЕР премијата во Битола – освоени над 3.150.000 денари
Вчера Државната лотарија на Македонија соопшти дека е извлечен добитник на ЏОКЕР премијата во износ од над 3.150.000 денари. Како што велат, среќното ливче е уплатено во „ДИМПО“ во Битола.
Од Лотаријата упатија честитки до среќниот добитник, кој го погоди вистинскиот ЏОКЕР број и ја освои главната премија во ова коло.



