Отсечени неколку мостови и патни правци во Берово по невремето во Малешевијата

Отсечени неколку мостови и патни правци по невремето кое ја зафати Малешевијата на територијата на Општина Берово, откако претходно се излеаа повеќе водотеци кај пехчевската турстичка населба Равна Река.

На делови од делницата до Клепало регистрирани се возила кои со потешкотии се движат по однесената патна мрежа, но во моментот не се пријавени заглавени или повредени лица.

-Поради обилниот дожд оштетен е патот до граничниот премин поточно од месноста Уливо до Клепало кој не е прооден. На лице место со сопствена механизација интервенираат наши екипи кои работат на расчистување на патот, информираа од ,,Македонија Пат”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons