МакедонијаНајново

Отповикани се 8 амбасадори назначени од Пендаровски 

По автентичното толкување на Собранието и владината одлука, повлечени се осум амбасадори кои биле назначени од поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски. Причината за нивното враќање е неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешни работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.

Претставувањето на тезите е составен, нераздвоен дел од постапката за именување на амбасадор, се вели во автентичното толкување на Собранието.

Отповикани се амбасадорите Мето Белески, Брисел, Катерина Ставревска, Лондон, Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Пајо Авировиќ, ОБСЕ, Емил Крстевски, Прага, Јакуп Реџепи, Сараево, Агнеза Руси, Софија, Џенк Сејфула, Стокхолм.

Претходно беше вратен и Андреј Жерновски, кој беше амбасадор во Букурешт, Романија. Амбасадорот на Македонија во ООН Љубомир Фрчкоски поднесе оставка по најавата од МНР дека се води внатрешна истрага за можни негови финансиски малверзации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons