Откриени злоупотреби при увоз на половни автомобили, но и од плацеви
Царинската управа денеска презентираше неколку случаји поврзани со злоупотреба при увоз на половни возила, но и со автомобили од плацовите за продажба.
Еден од најинтересните случаи е поврзан со увоз наМерцедес Е350 од Италија на три лица од Гостивар, од кои еден бил сопственик на возилото. Тие преку разработена шема успеале да ги избегнат царините и давачките кон државата, во синџирот учестувале царински службеници, шпедиција и нотари. Кај секоја етапа во обидот возилото да биде пуштено во легален промет имало криминал.
Директорот на Царинската управа Бобан Николовски вели дека делуваат да го сузбијат криминалот со увозот на половни автомобили без да бидат платени давачките кон државата.

Годинава поднесени се 41 пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривичи пријави а штетата во државниот буџет е 239.000 евра.
Во мрежата на царински службеници, шпедиции,нотар и полициски службеник извршиле криминално дело со употребувано возило „Мерцедес“ и против сите е поднесена кривична пријава а возилото е одземено.Станува збор за грубо кршење на законите и се извршени повеќе криминални дела: Фалсификување исправа, злоупотреба на исправа со неисправна содржина.Возилото е влезено од Италија во април минатата година е лажно прикажано како штотуку влезено во јули 2024 година со употреба на фалсификувани документи и злоупотребени пробни таблици. Царинската постапка било лажно завршена со помош на внатрешни лица без реално да се платат давачките.Извршени се незаконски регистрации и заверки без проверка во системите.Форензички е докажано дека е факсификуван потпис и печат на фирма која воопшто не била поврзана со увозот.Возилото е запленето а против девет лица е поднесена кривична пријава за повеќе кривични дела.Направено е вештачење и форензика на одземената опрема,, како и документација од шпедитерот и нотарот и утврдено е дека документацијата е фалсификувана и е употребен фалсификуван печат и потпис на фирма со цел Мерцедесот да се пушти во промет без да се платат увозни давачки.Мерцедесот е најмалку битен, туку ситемскиот пристап при сузбивање на криминалот во царинската постапка и неговото санкционирање, објасни Николовски.
republika.mk