Осум македонски бизнисмени меѓу најбогатите 100 луѓе во регионот
Списанието „Недељник“, традиционално на крајот на годината ја објавува листата на 100 најбогати личности во регионот (државите кои во минатото беа дел од Југославија).
Меѓу најбогатите 100 лица има и осум од Македонија.
На првото место е Живко Мукаетов од Алкалоид, чија вредност за 2024 изнесува 784.183.300 евра. Мукаетов се најде на 32 место од сите бизнисмени. По Мукаетов, следува Андреја Јосифовски од Макпетрол кој е на 44 позиција со вредност од 625.492.580 евра. Потоа следува Илија Гечев од ИГМ Трејд со вредност од 573.787.416 евра.
На 85. позиција на листата се најде Гоце Камчев од КАМ со вредност од 274.590.435 евра, а следува Слободан Кутревски од Пекабеско со вредност од 267.171.362. Страшо Милковски од Гранит под него на 89. позиција со вредност од 265.799.470, па Владимир Тодоровиќ Тинекс со 217.957.480 кој се најде на 97. позиција на листата. На 100-то место е Висар Јакупи од Кипер Маркет со вредност од 209.995.590.
Најбогати лица во регионот се Инфобип Хрватска, односно Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ со вредност од над три милијарди евра. После нив е Мирослав Мишковиќ од Делта холдинг Србија со 2,8 милијарди, додека трет е Дубравко Гргиќ од Аграм Група Хрватскла со вредност од 2,79 милијарди евра.