МакедонијаНајново

Околу 12.000 градежни работници заминале од земјава 

Само од градежниот сектор лани си заминале околу 12.000 работници и овој факт е загрижувачки, велат од градежниот синдикат. Првиот човек на овој синдикат, Иван Пешевски вели дека работниците се уште не се на позицијата во која што треба да бидат, иако изминатава година постигнале успех со потпишувањето на колективниот договор за вработените во јавниот сектор.

Претседателот на Синдикатот за градежништво и индустрија, Иван Пешевски вели дека градежниот сектор има најлоши надворешни влијанија и такви услови за работа кои не се почитуваат соодветно со лична заштитна опрема.реклама

На 17 ноември при ископ за изградба на објект на улица „Пиринска“ во Скопје животот го загуби работник кој управувал со багер. По истрагата на Трудовиот инспекторат, се покажа дека градежната јама не е соодветно обезбедена и не се преземени безбедни услови за работниците. Ова е последен случај на смрт на работник на работното место, всушност само еден од 16-те случаи што Трудовиот инспекторат ги евидентирал за 2023 година, а бројот на повредени лица за 2023 годината во текот на извршување на работата е 2005 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons