Од утре почнува прскањето против комарци – дали ќе има спас и од мушичките? 

Влагата во почвата и зголемената температура се причина за роевите мушички кои се непријатни кога граѓаните се движат надвор. 

Од ноќеска ќе почне со теренско прскање против комарците, а ова прскање треба да не спаси и од мушичките, објаснува Николина Соколовска, медицински ентомолог.

„Она што е потребно е да се следат временските услови секако ваквото време е добра подлога за инсекти и секако претходно навреме да се прскаат водените површини за да не полетаат комарците. Секако не треба целосно да се уништат комарците, бидејќи тие се дел од синџирот на исхрана“, вели м-р Николина Соколовска Центар за јавно здравје.

Скопјани освен мака со мушичките и комарците, тие се почесто се јавуваат и бараат помош од наезда на лебарки и бубашваби. Соколовска вели дека граѓаните мора да се едуцираат и пред да настане зголемување на температурите да ги прскаат своите домови, подруми и шахтите кои се во близина на зградите. Позитивно за неа е што дел од општините веќе почнуваат организирано да прскаат против лебарки и бубашваби.

Денеска во утринските часови теренски се прскало против ларви од комарци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons