Актуелно

Од полноќ се намалуваат цените на сите горива

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69%  во однос на одлуката од 11.7.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,822%, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,043% , кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 3,906% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,715%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,245%.

Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95   83,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98   85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  75,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   73,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС     46,909 (денари/килограм)

 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons