Актуелно

Од полноќ поевтинување на горивата 

Цената на бензинот Еуросупер БС-98 од полноќ се намалува за еден денар, а за половина денар по литар се намалуваат цените на бензинот Еуросупер БС-95 и на дизелот

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ). Цената на бензинот Еуросупер БС-98 од полноќ се намалува за еден денар, а за половина денар по литар се намалуваат цените на бензинот Еуросупер БС-95 и на дизелот.

Според одлуката на РКЕ, литар бензин Еуросупер БС-98 ќе чини 84,5 денари, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 82,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 78 денари.

За 1,5 денар од ноќеска на полноќ се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 76 денари за литар. Мазутот, пак, поскапува за 0,442 денари и цената на еден килограм ќе изнесува 43,343 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons