МакедонијаНајново

Од полноќ нови цени на горивата во Македонија 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 16.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,726%, кај дизелот за 2,489%, кај екстра лесното масло за 2,445% и кај мазутот зголемувањето е за 3,109%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,086%.

Од 20.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 46,499 (денари/килограм)
– Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,150 ден/кг и сега изнесува 46,499 ден/кг.
– Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Оттаму напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons